А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Отворено писмо од приватни специјализанти до премиерот Зоран Заев

by А1он09/05/2018 - 13:40115
Share0

Форсирањето за исплата на парични средства само за одредена група доктори е дискриминаторско. Ваквото решение претставува девалвација на трудот и личноста на докторите кои решиле да останат во татковината, се вели во отвореното писмо на група специјализанти, кои бараат правичност и еднаквост за сите доктори на приватна специјализација. „Сé што бараме е уште една можност за да се исправат грешките и да ставите крај на деградацијата на докторската фела“, велат тие во писмото упатено до премиерот Зоран Заев.

Добивај вести на вибер

Според специјализантите, во јавноста веќе подолго време се пласираат информации околу решавање на економскиот статус на специјализантите. Ова прашање е особено сензитивно сега, во време кога сè повеќе млади доктори ја напуштаат државата во потрага по вреднувањето што го заслужуваат. Но, и покрај недостатоците на нашиот систем, сé уште има млади ентузијасти кои сакаат да останат во својата земја и својот професионален пат да го продолжат во Македонија.

„Минималните трошоци, кои секој специјализант ги покрива за една приватна специјализација чинат помеѓу 8000 и 13 600 евра. Специјализациите во просек траат 5 години за време на кои дипломиран доктор специјализант не прима никаков паричен надоместок за својата работа. Но, дали Министерството за здравство вистински се труди да нè задржи дома или повторно се повторуваат грешките од минатото за деградација и фрустрација на иднината на медицината на Македонија?

На седницата на собранието официјално од страна на министерот за здравство, Венко Филипче, беше соопштено: „Го исполнивме ветувањето и за исплата на приватните специјализанти. Сите оние кои досега работеа за беспари, за месец март ќе бидат исплатени со просечна плата на здравствен работник”. Според ова, исплатата на плати би требало да важи за сите приватни специјализанти.Од информациите што ги добивме од министерот и Министерството за здравство, една третина од околу 100 доктори на приватни специјализација неправедно се исклучени од земањето плата. Имено, долгоочекуваното решение за овој горлив проблем за специјализантите од страна на Министерството е исплата на плати само за селектиран број приватни специјализанти.

Се наметнува прашањето кои се докторите кои ќе земат плата. За исти потпишани договори различно се вреднува трудот на докторите кои приватно специјализираат под исти услови на клиниките и институтите во Скопје. Цела генерација од речиси 100 доктори е изоставена од ова право на исплата на плата за вложениот труд на клиниките. Форсирањето за исплата на парични средства само за одредена група доктори е дискриминаторско. Ваквото решение претставува девалвација на трудот и личноста на докторите кои решиле останат во татковината!

И покрај остварените спредби со министерот и работната група во Министерството со цел изнаоѓање конструктивно решение за сите приватни специјализанти, оттаму не нудат конкретно решение на овој проблем. Вреднувањето само на одделни доктори на приватна специјализација е комплетно неправедно и би можело да служи како понатамошен поттик за продолжување на својата кариера во земји каде што истите ќе бидат вистински ценети. Плата мора да има за сите приватни специјализанти.Друга опција не прифаќаме!

Во име на онеправданите приватни специјализанти, но најмногу во името на правдата, ве молиме да ја искористите Вашата позиција и да овозможете правичност и еднаквост за сите доктори на приватна специјализација. Сé што бараме е уште една можност за да се исправат грешките и да ставите крај на деградацијата на докторската фела“, се вели во отвореното писмо на група приватни специјализанти.

mzZaev

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски28/11/2025 - 12:1828/11/2025 - 15:50

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Катерина Ѓуровски14/10/2025 - 12:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен