Мицкоски со писмо до Заев: Јалови се обидите за уцена на пратениците

Од:

„СДСМ одби, Премиерот молчи. Паднаа маските и се покажа вистинското лице на власта.

За жал СДСМ имаше прилика да докаже дека борбата против криминалот има некакво значење за оваа власт. Наместо тоа Заев покажа три работи:

Прво, преку неприфаќањето на предлогот и неговото молчење за формирање на независно обвинителство кое ќе се бори против криминалот одбра да се стави во улога на заштитник и промотор на криминалот, неправдата и безаконието во оваа држава. Дополнително со тоа покажа дека борбата против криминалот е само фарса за оваа власт и дека токму таа кумува со сите криминални процеси во државата.

Второ, со самото тоа што не се откажува од штетниот договор Заев не ја почитува волјата на граѓаните и пораката кажана на референдум дека договорот се отфрли. Договорот преку кој Заев сака да ја прекрсти на сила државата и народот, е последната сламка за спас на неговата кариера и неуспешен обид да избега од одговорност за сите афери и скандали. Нема друга држава во Светот каде премиерот отворено си кажува дека нема да ја почитува волјата на мнозинството граѓани и јавно кажува дека поисплатливи му се јаловите обиди за условување и уцена на пратеници. Тоа нема да помине.

И трето, со отфрлањето на предлогот кој го дадов, Заев и власта покажаа дека се плашат од слободни, фер и демократски избори, затоа што знае дека на тие избори народот ќе си дојде по своето и ќе бидат жестоко поразени, како што беа и на референдумот што помина.

Затоа би порачал уште еднаш да размисли власта и премиерот, затоа што не е сеедно кој на чива страна бил. Јас веќе одбрав, со народот, на страна на правдата и нашата Македонија“, се вели во Фејсбук статусот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците