Отворено ново крило од 6.000 квадратни метри во струмичката болница

Од:

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, денеска заедно со директорот на Општата болница во Струмица, Наќе Гогов при посетата на болницата, извршија увид и обиколка на новото крило со вкупна површина од 6.000 м2, каде што се сместени повеќе специјалистички амбуланти.

Во изјава за медиумите, министерот Филипче истакна дека по три години интензивна работа, Струмица добива нов болнички објект и дека тоа го заслужуваат сите, здравствените работници, пациентите и граѓаните, не само на Струмица, туку и на целиот тој регион.

„Во оваа модерна болница, изградена со најмодерни материјали, со распоред според најразвиените светски болници, пријатно ќе се чувствуваат и ќе може квалитетна здравствена услуга да даваат здравствените работници, но и врвна медицинска услуга пациентите на коишто им е тоа потребно за многу кратко време и се на едно место. Оваа здравствена криза со која сега во овој момент се соочуваме, а тоа е коронавирусот покажа дека е исклучително важно да имаме модерни болници во којшто може за кратко време пациентите без многу лутање и на едно место да добијат здравствена услуга, а не да се препраќаат во околните болници во другите градови“, потенцираше министерот Филипче.

Тој рече дека Владата интензивно инвестираше во здравствениот систем, пред сѐ во луѓето, во платите, во приемот на нови лекари и медицински сестри, како и во младите лекари.

„Се зголемија платите на лекарите и тие сега изнесуваат помеѓу 80 и 160 илјади денари. Се примија на работа огромен број на лекари и медицински сестри. Издадовме над 5.000 согласности за вработување за само две години. Сите млади лекари добија шанса да работат тука, во здравствените установи во нашата земја. Да имаат платен стаж, да не се дискриминирани за прием по ниту една основа. Со овој интензитет и динамика ќе продолжиме и понатаму, заради тоа што нашите граѓани, нашата држава заслужува да има спремен и модерен здравствен систем, а нашите граѓани место кадешто од врвни експерти ќе добијат врвна здравствена услуга“, посочи министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти