„Отворените забавни фудбалски школи“ по тринаесетти пат во Струмица

Од:

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица денеска беа отворени „Отворените забавни фудбалски школи“.

Во нив учествуваат 80 момчиња и девојчиња, ученици од второ до шесто одделение од повеќе општински основни училишта.

Забавните фудбалски школи за отворени ги прогласи градоначалникот, Коста Јаневски.

– Со задоволство сакам да го поздравам одржувањето на овие школи, кои го афирмираат и популаризираат и онака популарниот фудбалски спорт, но и ги истакнуваат сите позитивни нешта кои произлегуваат од нив, особено за најмладите генерации и нивниот развој. Тоа го велам затоа што, без разлика на полот, возраста и фудбалското знаење, целта на овие игри е меѓусебно дружење на децата, стекнување нови пријателства и јакнење на здравиот дух, рече градоначалникот Јаневски.

Инаку, „Отворените фудбалски школи“ се организираат по 13 пат во општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски