Отворени денови на Kатастарoт во Гостивар

Од:

Во тек е акција за бесплатно запишување на правата на сопственост во подрачјата каде што не е спроведен катастар на недвижности или одѕивот е помал од 20 проценти, информира денеска директорот на  Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески во рамки на Отворените денови на Kатастарoт во Гостивар.

Тој апелира жителите на наслените места Видуше, Болетен, Железна Река, Требиште, Калиште Ново Село, Зубовце, Галате, Србиново, Дебреше, Горно Јеловце, Сушица да дојдат во Одделението на Катастарот, да ги донесат документите кои ги поседуваат и да се запишат на листата на право на сопственост.

– Со оваа акција изминативе три години беа ажурирани 17.000 парцели, а 11.000 граѓани добија имотни листови, нагласи Трпески.

Директорот повика, сите граѓани кои поднеле барање за легализација на дивоградби заклучно со септември 2011 година, до крајот на годината да достават геодетски елаборати до општините и тоа да го сторат час поскоро, бидејќи има околу 20.000 неизработени елаборати, а капацитетите се ограничени.

– Роковите истекуваат, а досега се запишани и легализирани 136.500 објекти. За ранливите категории, Катастарот бесплатно ги изготвува елеборатите. Досега се примени 6.800 барања, од кои за 6.600 се веќе изготвени елаборати, подвлече Трпески.

Раководителот на гостиварското одделение Маир Бајрами информира дека годинава се решени 42.922 предмети во роковите кои се определни во постаките.            

Отворените денови на Катастарот се спроведуваат девет години.

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

A1on

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски

Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот

Воведен регистар на одземен имот, банките продаваат 1.207 станови и дуќани и 278 парцели земјиште

Ана Ололовска