Отворена „Тивка соба“ на Детската клиника

Од:

На Детската клиника на Одделот за онкологија денеска е отворена т.н. „Тивка соба“ со цел, како што посочи директорката на Клиниката за детски болести професор д-р Катерина Ставревиќ да им се разубави престојот на децата колку што е можно повеќе во текот на нивното лекување.

– Заедно со директорката на Клиниката за детски болести, Министерството за здравство и директорите од ова одделение успеавме да реновираме и да направиме една соба каде децата ќе може да си играат, посочи Марија Тасев, претседателка на Здружението „Санос“.

Таа најави проект со кој децата и родителите ќе добиваат психосоцијална помош за време на лекувањето.

– Наскоро ќе почнеме еден голем проект односно ќе градиме родителска куќа наменета за сите оние родители чии деца се на подолг престој во болницата. Ќе обезбедиме сместување и преноќување бесплатно, посочи Тасев.

Таа најави и изградба на нова дневна болница која е неопходна.

– Планираме целосно реновирање на Одделот за онкологија, нагласи Ставревиќ.

Таа посочи дека покрај другото во моментов на Одделот за онкологија на Детската клиника има најголема потреба од дополнителни клима уреди.

Би можело да ве интересира

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов