Отворена експозитура на „Македонски пошти“ во село Канатларци

Од:

Во прилепското село Канатларци е отворена експозитура на „Македонски пошти“. Во овој реконструиран објект вработените ќе им даваат поштенски услуги на жителите на ова и на неколку соседни села. Инвестицијата е плод на соработката меѓу општина Прилеп и „Македонски пошти“- Скопје.

На отворањето на експозитураат присуствуваа директорот на „Македонски пошти“ Ејуп Рустеми и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Според Рустеми, отворањето на експозитурата е пример на соработка на општината со „Македонски пошти“.

– Како „Македонски пошти“ сакаме да бидеме присутни во секое населено место, за да бидеме што поблиску до секој граѓанин, и оваа соработка што ја имаме, со промоција на оваа пошта овде, ќе продолжи понатаму и со општина Прилеп и со сите други општини. Со тоа сакаме што поблиску да бидат исполнети сите други потреби на граѓаните на Република Македонија, да ги извршуваат во „Македонски пошти“. Со ова ќе биде добро за сите граѓани на ова село, рече Рустеми.

За Јованоски ова е голема помош за жителите од Канатларци и од околните села.

– Со оваа експозитура, жителите не само од Канатларци, туку и од околните села ќе заштедат време и што е најбитно, ќе ги добиваат потребните поштенски услуги, изјави Јованоски.

Граѓаните се потсетуваат дека оваа пошта некогаш работела. Но, велат, тоа било пред повеќе од осум години. Ним не им е јасно, зошто прекинала со работа, и зошто никој не ги известил за тоа. Сега по осум години објектот е реновиран, вработен е нов кадар, кој ќе биде на услуга на жителите од регионот и им го олеснува животот, зашто нема да трошат време, а не прават ниту дополнителни трошоци за гориво до градот. Овде ја земаат пензијата, ја извршуваат целата поштенска кореспонденција со своите роднини, со пријателите, плаќаат сметки, и едноставно, Канатларци наликува на урбанизирана средина.

Услугите ќе ги добиваат и жителите од соседни села: Ерековци, Марул, Подмол.

Општина Прилеп, вложува напори сите рурални средини да ги урбанизира, да се подигне квалитетот и да се олесни животот на овие граѓани.

Би можело да ве интересира

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски

Талески: Експресниот пат Градско – Дреново над 92% е реализиран од СДСМ

ЦУК: Исчистен е патот кон манастирот „Св. Ѓорѓија“, двете загрозени лица кои немале лекови се безбедно пренесени во градот Прилеп

На дело е уапсен малолетен крадец од Прилеп

Во подем семејното насилство во Прилеп, жртви се и децата

СДСМ: Скандал, градоначалникот на Прилеп со пет директори фатени во криминал со превозот на ученици