Отворена бесплатна линија за пријавување корупција во Министерството за одбрана и АРМ

Од:

Од денеска отворена е бесплатната анонимна телефонска линија 0800-50030 на која ќе може граѓаните да пријават секаква појава на мито и корупција во рамките на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Како што соошти Министерството за одбрана, станува збор за реализација на проектот „Пријави корупција“, чија цел е навремено и целосно исклучување на можноста од појава на корупција и спречување на ризиците од оваа несакана појава во институциите кои уживаат најголема доверба во Република Македонија.

Освен на споменатата телефонска линија, граѓаните пријава можат да поднесат на веб-страницата на Министерството, www.morm.gov.mk (анонимно, преку пополнување електронски формулар) или, пак, преку е-пошта на: [email protected].

Република Македонија е активна на планот на борбата против корупцијата во одбраната и во рамките на иницијативите на Северноатлантската Алијанса, со учеството во „Иницијативата за градење интегритет“ на НАТО.

– Процесите за интеграција на Република Македонија во евроатлантските структури и бескомпромисната борба против корупцијата се едни од најважните стратешки цели на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2011-2015 година, стои во соопштението од Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Русија распореди три „прстени“ за воздушна одбрана за да ја заштити Москва

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд