Отворена Академијата за убави уметности во Вевчани

Од:

Минута до дванаесет часот, денеска во Вевчани е отворена Академијата за убави уметности-Вевчани (АУУВ), која почивајќи врз вековните културни и уметнички традиции и обичаи, целосно ќе го иницира, поттикнува и поддржува развојот на вевчанската уметност и креативност, а ќе се залага и за нејзино сестрано унапредување.

– Вевчанската хроноисторија и македонската уметност, култура и наука, од денеска се побогати со формирањето и работата на Академијата за убави уметности Вевчани, рече во своето инаугуративно обраќање градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриноски.

Тој додаде дека со овој многу значаен творечки зафат се потврдува многудеценискиот богат духовен живот на македонскиот народ и вевчанци што е, нагласи, вевчанска гордост и потврда за вевчанските неимари и градители кои на овие балкански простори и пошироко и во невремиња ја размножувале убавината на градбите и животот.

– Академијата за убави уметности Вевчани, како нова културолошко-научна установа ќе работи и на развојот на креативните потенцијали и способности особено кај младите и талентирани луѓе што низ современи методи ќе ги согледува, анализира и унапредува состојбите во областа на културното наследство и природното богатство на Вевчани, истакна професор доктор Јован Стефановски-Жан, претседател на Иницијативниот одбор за формирање и работење на Академијата за убави уметности Вевчани.

Седум секции ќе работат во состав на Академијата за убави уметности, појасни архитектот Стефановски: секција за традиции и култура, за книжевност и историја, за сликарство и скулптура, за архитектура и градителство, за театар и филм, за нови технологии и информатика и секција за музика, спорт и забава.

Академијата за убави уметности Вевчани, ја сочинуваат 21 член кои моментно работаат на изготвување на предлози за избор на нови членови.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

A1on

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

Кривична пријава за лажниот лекар од Вевачни за надрилекарство, измама и за фалсификување

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев со специјалци тепа луѓе на карневал кои го исмеваат лошото владеење на СДСM

Жарко Настоски