Отворен Ургентен центар во Градската болница „8 Септември“

Од:

Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска свечено беше отворен Ургентен центар, кој со својот капацитет ќе овозможи навремена здравствена заштита за жителите на Градот Скопје и околните населени места, за разлика од претходно кога за ваквите случаи функционираше само дежурната служба.

Новиот Ургентен центар е на простор со вкупна површина од речиси 900 метри квадратни, кои опфаќаат три приемни амбуланти, машинска сала, електро соба, како и 4 болнички соби за дневна болница, ладна соба со 9 кревети и гипс сала. Изведен е и комплетно нов систем за климатизација и вентилација, кој целосно соодветствува на светските стандарди за енергетска ефикасност.

Направени се две нови операциони сали, како и сала за реанимација, со средства во износ од 480.000 долари, донирани од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

Министерот за здравство Никола Тодоров, упати благодарност до американската амбасада за изразената цврста поддршка во насока на унапредување на квалитетот на здравствените услуги во нашата држава.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!