Отворен првиот Национален центар за хемофилија

Од:

Од денеска повеќе од 300 лица болни од хемофилија ќе можат да добиваат здравствени услуги во првиот Национален центар за хемофилија во рамките на скопските клиники.

Објектот е реновиран со грант од 65.000 швајцарски франци од Фондацијата за хемофилија „Ново Нордиск“.

„Досега овие лица терапиите и прегледите, кои треба да ги прават најмалку два пати годишно, ги добиваа во зградата на трансфузиологија заедно со сите останати пациенти“, рече министерот за здравство Никола Тодоров на отворањето на објекто и додаде дека станува збор за хронично болни лица на кои им се потребна постојани простории, отворени 24 часа.

Тие сега терапиите ќе можат да ги примаат во подобри услови, со оглед болеста за која станува збор е многу непредидлива.

Во Република Македонија секоја година се регистрираат околу 4-5 новозаболени од хемофилија меѓу кои има и деца.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!