Отворен повик за илустрации за проектот „Современи бајки од Македонија“

Од:

Повикот за изработка на креативни илустрации за најновиот проект „Современи бајки од Македонија“ на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ е отворен уште четири дена, до 20 март 2021 година.

Вкупниот фонд за награди изнесува 140.000 денари или 35.000 денари поединечно за секоја од четирите сликовници.

Сите заинтересирани илустратори и дизајнери може да ги испратат пријавите на е-адреса [email protected].

Кандидати анонимно учествуваат до првата селекција на пристигнати решенија, по што може да бидат повикани на лична презентација за планираниот пристап и работата кон целата едиција на бајки, доколку решението биде наградено.

Отворениот повик за илустратори и дизајнери е втората етапа од проектот „Современи бајки од Македонија“, а илустрации ќе се работат за четирите победнички бајки: „Перуника“ од авторот Сибо, „Бакнежот на пролетта“ од авторката Елизабета Баковска, „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова и „Осаменото дрво“ од авторката Нина Максимова.

Текстовите на бајките можат да се најдат на следниот линк: www.arslamina.com/bajki2021.

Пристигнатите решенија ќе ги разгледува жири-комисија составена од претставници на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“, претставници на издавачката куќа „Арс Ламина“ и надворешни членови (експерти од областа).

Конкурсот за „Современи бајки од Македонија“ следи по големиот успех на претходните проекти „Бајки од Македонија“, „Бајки од Македонија за цела година“ и „Басни од Македонија“ кои постигнаа голем успех, а дел од нив се преведени на седум јазици, Брајово писмо, наградувани во светот и дома и се едни од најпродаваните книги за деца кај нас. 

Би можело да ве интересира

Македонската книжевност за деца во фокусот на Филозофскиот факултет во Љубљана

А1он

Промоција на книгата „Македонските мултиетнички загатки“

Ана Ололовска

Награди за најдобрите литературни и ликовни твроби „Жената во секојдневието“

Наум Локоски

Почина поетот Игор Исаковски

Ана Ололовска

Нова книга есеи на Александар Прокопиев

Емир Латифовиќ

Почина писателот Милутин Бебекоски

Ана Ололовска