Патот од Скопје кон Македонски Брод преку резерватот „Јасен“ е отворен за сообраќај, кој се одвива во наизменични временски интервали. Од Скопје кон Македонски Брод од шест до девет часот наутро и од 16 до 18 часот. Додека пак, од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот ќе се одвива од пет до шест часот наутро и од 18 до 20 часот.
Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран и е прооден за сите видови на возила. Патниот правец Ресен – Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај.
На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.
Според известување добиено од инженеринг компанијата Геинг, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец, делница Велес – Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази.
Патниот правец Р-103 Неготино – Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.