Отворен ден на УЈИЕ

Од:

Во кампусот на Универзитетот на југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово денеска по дванаесетти пат се одржаа Отворените денови на оваа високошколска установа.

Според ректорот Замир Дика идејата е преземена од американските партнери на Универзитетот и има за цел да се претстави понудата на петте факултети за претстојната акдемска година пред матурантите но и нивните професори и родители.

– На овој начин директно сите може да се запознаат со стандардите и можностите што ги нуди УЈИЕ. Како главни моменти се претставувањето на Саемот за јазици што се организира во тесна соработка со нашите меѓународни партнери бидејќи без разлика на програмата или насоката ние форсираме предавања, вежби и други активности на англискиот или друг странски јазик, покрај албанскиот и македонскиот на кои се изведува наставата. Тука е и интернационализацијата на универзитетот преку користење на професори од надвор од Македонија така и можноста за завршување и студирање на нашите партнерски универзитети во Европа и надвор од неа. Свое место има и дигитализацијата на образованието односно се обидуваме преку современите средства за комуникација да го персонализираме односот помеѓу професороите и студентите за подобар пренос на знаења и вештини а во рамките на отворениот ден свое место и културно забавната програма бидејќи ние тука не создаваме само професионалци во струката за која ќе се определат туку и личности со европски идеи и општество базирано на знаења, изјави Дика.

Тој посочи дека седницита на универзитетскиот Сенат е закажана на 11 април по која ќе се објави и конкурсот за прием на новите студенти, но оти ќе биде задржан планот за прием на 700 студенти во првиот додипломски циклус и 350 на магистерски студии или студии од вториот циклус.

Би можело да ве интересира

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени