А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Отворен ден на проектот „Локална интеграција на бегалците, внатрешно раселените лица и малцинските групи”

by А1он22/06/2017 - 08:21181
Share0

НВО Сумнал од Битола денеска во своите простории организира Отворен ден во рамките на проектот „Локална интеграција на бегалците, внатрешно раселените лица и малцинските групи” поддржан од Европската Унија со можност за средби на институциите со локалното население.

Добивај вести на вибер

Проектот „Локална интеграција на бегалците, внатрешно раселените лица и малцинските групи”, меѓу другото, има за цел да ги зајакне капацитетите на државната администрација на национално ниво и на локално ниво во општините Берово, Битола, Виница, Гостивар, Делчево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово, Чаир, Штип и Шуто Оризари за поуспешна поддршка на локалните процеси на интеграција и инклузија на Ромите, Ромите бегалци и внатрешно раселени лица.

Како што наведуваат организаторите, во рамките на настанот на сите припадници на ромската заедница ќе им биде овозможено да остварат директен контакт, да прашаат за некој свој проблем или пак да побараат совет од претставниците на институциите.

На овие средби покрај претставниците на општините, Координаторот и членовите на Локалното координативно тело, претставници од Министерството за труд и социјална политика и ЕПТИСА свои претставници ќе имаат и: Народниот правобранител, Центарот за социјална работа, Центарот за вработување, Агенцијата за катастар на недвижности, Министерство за труд и социјална политика, Сектор за социјална заштита, Министерство за труд и социјална политика, Одделение за имплеметација на Стратегијата за Роми и ромската декада, ОБСЕ, на Проект за локална интеграција на бегалци, внатрешно раселени лица и малцински групи поддржан од ЕУ и на НВО-секторот од Битола кои работат со ромската заедница.

– Се надеваме дека оваа средба е голем чекор напред во процесот на воспоставување на доверба, рушење на стереотипите и остварување на загаранитраните права на сите граѓани во Република Македонија, стои во соопштението.

begalcigraganski organizacii

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Во буџетот нема пари, за првпат во историјата, утре 15 декември се затвора Трезорот

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:0714/12/2025 - 11:19

Напнатости во Полска: Нов закон за бегалци, зголемени напади врз Украинци

Горан Наумовски21/09/2025 - 14:3821/09/2025 - 15:41

Би-Би-Си: Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина

Горан Наумовски08/08/2025 - 14:13

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

Горан Наумовски05/04/2025 - 20:44

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска31/05/2022 - 14:4331/05/2022 - 14:44

Влада: Преземени првите мерки за прифаќање на украинските државјани

А1он02/03/2022 - 16:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен