Отворен ден на ДУТ

Од:

На платото пред ректоратот на Државниот универзитет во Тетово денеска се одржа Отворениот ден на оваа високошколска установа за претставување на понудата од универзитетот за академската 2017/2018 година.

– На овој начин сакаме пред матурантите од нашата земја, но и околните држави од јавните и приватните училишта да ги запознаеме со понудата на нашите 13 факултети, со нивните 115 програми и насоки. Очекуваме во текот да денот штандовите со понудите од секој факултет да ги посетат над 2.000 матуранти. Согласно конкурсот за прием на нови студенти на ДУТ има можност да се запишат околу 4.000 бруцоши, изјави проректорот за настава Решат Ќаили.

Во рамките на Отворениот ден се одржа и претставување на прехранбени продукти од компании од Македонија.

– Претставувањето на прехранбените производи од повеќе фирми само ја покажува нашата соработка со ДУТ затоа што голем дел од лицата што се по штандовите на компаниите своето образование го стекнале тука. Освен вработувањето на дипломираните од ДУТ ние како компании инвестираме во идните кадри за време на нивното студирање, рече заменик претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Нагиб Фејзи.

Во рамките на Отворениот ден освен преку поставени штандови, свои поединечни претставувања на понудите факултетите организираа и во просториите на ДУТ во Тетово, а имаше и слободен влез во сите универзитетски објекти за заинтересираните.

Би можело да ве интересира

Али Ахмети стана почесен доктор на Тетовскиот универзитет, Груби вели: таква личност нацијата ретко раѓа

Жарко Настоски

„Тргни ги новинарите ми кажаа“, обезбедувањето ги замоли новинарите да ја напуштат зградата

Васко Маглешов

На новинарите не им беше дозволено да ја следат дисциплинската постапка за инспекторот Илиевски

Васко Маглешов

Промоција на „Македонски мултиетнички јазли – битки за едно или две општества“

Ана Ололовска

Петта меѓународна балканска конференција за спортски науки на ДУТ

Ана Ололовска

На ДУТ претставени програмите „Еразмус плус“ и „Еуропас“

Ана Ололовска