Отворен ден на Армијата: Настап на Воениот оркестар, прелет на хеликоптер, приказ на вештините на припадниците на специјалните единици на Армијата и МВР

Од:

Во Градскиот парк во Скопје (Школка), денеска ќе се одржи отворен ден на Армијата за граѓаните, организиран по повод „Неделата на НАТО“, 70 – годишнината од основањето на Алијансата и напредокот на Република Северна Македонија кон членство во НАТО.

На отворениот ден, на кој ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на генералштабот Васко Ѓурчиновски, припадниците на Полкот за специјални операции, пред граѓаните ќе прикажат дел од своите боречки вештини, гардистите ќе се претстават со точката Егзерцир, а воениот оркестар ќе изведе неколку композиции. Своите вештини ќе ги претстават и припадниците на Единицата за специјални задачи на МВР, а хеликоптер на Армијата ќе изврши прелет над градскиот парк. Настап ќе имаат и децата од здружението „Трисомија 21“.

Во рамки на настанот, ќе бидат прогласени трите најдобри есеи на тема „НАТО и ТИ“, кои ќе бидат наградени со студиско патување во седиштето на Алијансата, во Брисел. Прогласени ќе бидат и победниците во вчерашната НАТО – Атлетска трка во три и пет километри. Првите три места од трките на пет и на три километри кои ќе бидат наградени со учество на меѓународен маратон.

На посебни штандови, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе ги претстави своите програми и можностите за студирање на Академијата, а граѓаните ќе можат да земат примерок од магазинот на Министерството за одбрана, „Штит“.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време