Отворен Центарот за мир и транскултурно менаџирање во Тетово

Од:

 На Државниот универзитет во Тетово денеска беше отворен Центарот за мир и транскултурно менаџирање. Во работењето на овој центар рамноправно учествуваат ДУТ и Универзитетот на Северен Илиноис од Чикаго, САД. 

Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми посочи дека постојано ги поддржуваат ваквите иницијативи чија цел е младите да го надградуваат своето образование.

– Формирањето на Центарот за мир и транскултурна комуникација има глобални цели. Неговите чинители нема да работат локално, нема да се насочат само кон своите заедници. Големината и потребата од создавање на вакви организации е во тоа да се работи на зајакнување на позитивните вредности на унапредување на мирот во светски рамки. Од особено значење е тоа што до овие вредности ќе се стигне со најмоќното нешто што може да го поседува човекот-образованието, рече Адеми. 

Во работењето на Центарот, како што рече, се вклучени студенти, професори и други чинители кои ќе имаат пристап до ресурси за ефикасно управување со конфликти, благодарение на што ќе може да се работи на обезбедување на глобалниот мир и економскиот просперитет. 
Според ректорот на ДУТ, Вулнет Амети Центарот за мир и транскултурно менаџирање ќе има за цел унапредување на мирот, менаџирање на конфликтите и интеркултурното разбирање во целиот свет. 

– Центарот ќе се залага за обезбедување на неутрална академска платформа во која ќе се базира поттикнувањето на разновидноста на дискусиите, со цел обезбедување на мирот преку моделот на образование. Преку овој Центар владите, студентите и другите заинтересирани страни ќе имаат пристап до изворите за ефикасно менаџирање на конфликтите и недоразбирањата со цел на обезбедување на глобалниот мир и економски просперитет, рече Амети. 

Центарот за мир и транскултурно менаџирање во иднина ќе нуди и програми за сертификувани обуки, симпозиуми, курсеви за студенти како и секоја друга интеркултурна програма што раководството на Центарот ќе ја смета како значајна за исполнување на неговата мисија.
На отворањето на Центарот присуствуваше заменичката на ректорот на Универзитетот од Северен Илиноис Лиза Фриман, која истакна дека е задоволна од соработката на двете високообразовни институции.

– Со овој центар ќе можеме да ги споделиме искуствата за решавање на конфликтите по различна основа, етничка, културна и по било која друга и особено заеднички ќе се залагаме проблемите да се решаваат по мирен пат и меѓусебна соработка. Ова е и можност ДУТ и нашиот универзитет да ја покажат моќта на високото образование за двете општества, рече Фриман.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски