Отворен 7. „Фестивал на медот“ во Прилеп

Од:

Во Прилеп денеска е отворен 7-от по ред „Фестивал на медот“, на кој до 8. октомври ќе го изложуваат своето производство на мед и пчелни производи 20-ина производители од неколку градови.

Според претседателот на прилепското здружение на пчелари „Братство“ Дејан Бошкоски, целта на фестивалот е да се претстават големите предности на пчелните производи во исхраната.

– Многу е битно да ги потсетиме граѓаните и да им објасниме колку се големи хранливите, но и лековитите својства на медот и на пчелните производи за нивната употреба да се зголеми во исхраната. Инаку во прилепскиот регион се регистрирани околу 150 пчелари. Годинава, поради климатските промени, е многу послаба во производството на медот и се движи од еден до два килограми мед од едно пчелно семејство, за разлика од минатите години кога беше 10-ина килограми од пчелно семејство. медот го пласираме на домашните пазари, вели Бошкоски.

За градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, производството и пласманот на медот имаат значителна улога во локалната економија.

– Локалната самоуправа има одлична соработка со прилепските медари. производството на мед има значителен удел во локалната економија зашто голем е бројот на семејствата кои одгледуваат пчели и живеат од производството на мед. Фестивалот е уште една голема прилика и пред младите, посебно пред децата, зашто ова е и недела на детето, да се претстави овој производ кој треба да биде задолжителен во исхраната на децата со уште поголема стапка, вели Ристески.

Денешното пригодно отворање на фестивалот беше збогатено со програма на децата од прилепските градинки и со настапот на плоштадот на КУД „Мирче Ацев“.

Би можело да ве интересира

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски

Талески: Експресниот пат Градско – Дреново над 92% е реализиран од СДСМ