Отворање на СЦ „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“

Од:

Друштвото за спорт и рекреација – Спортски центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ што се наоѓаат во Општина Аеродром, денеска свечено ќе бидат отворени.

На отворањето најавено е присуство и обраќање на премиерот Никола Груевски, инвеститорот на објектот Сергеј Самсоненко, градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, генералниот менаџер на Спортскиот центар Надица Димовска и гереналниот менаџер на хотелот „Русија“ Дина Муцунска.

Ќе биде пуштена во употреба арената, односно централната сала со капацитет од 6.500 посетители, како и хотелот „Русија“, а ќе се отвори и помошната спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.500 посетители, како и конгресниот центар.

Дополнителните спортски капацитети планирани се да бидат пуштени во употреба до крајот на годинава, а тоа се тениски игралишта, фитнес и аеробик центар.

На западната страна од Спортскиот центар има обезбедено место каде ќе се продаваат спортска опрема и реквизити, а планирана е и игротека.

Во процесот на изградба на Спортскиот центар учествуваа над 60 македонски компании, пет странски, како и околу 1.600 работници, а целиот проект беше завршен за 16 месеци.

Хотелот „Русија“ ќе располага со 61 соба и апартмани, од кои еден претседателски апартман, шест „супериор“, 28 еднокреветни соби, 12 „твин“ и 14 „дабл“ соби. Хотелот ќе содржи спа центар и руф бар.

Проектот е изграден со јавно приватно партнерство на компанијата на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Исак амбициозен: „Со Ливерпул сакам да стигнам до сите трофеи“

Белингем се враќа – Реал го чека крајот на септември

Донарума ново засилување на Манчестер Сити

Чави ја одби понудата од Баерн и останува фокусиран на Барселона

Леклер верува во Ферари: „Оваа година можеме да ја израдуваме Италија“

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја