Отворање на еко парк во населба Сењак 4

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на отворање на еко парк во населба Сењак 4. Се работи за донација од страна на двете фирми, Адиент и Пакомак во вредност од 240.000 денари, сума којашто е искористена за набавка на клупи, детски лулашки, корпи за отпадоци и други реквизити за забава и игра на најмалите.

„Се наоѓаме во населба Сењак 4 на еден убав настан на мое и на задовоство на сите граѓани верувам. Имавме едно игралиште коешто беше заборавено и еве денеска благодарение на општествено одговорните фирми Адиент и Пакомак заедно во соработка со Општина Штип наместивме неколку клупи, детски лулашки, корпи за отпадоци, засадивме неколку дрвца којшто ќе бидат од корист на граѓаните и на дечињата коишто живеат овде,“ стои во изјавата на градоначалникот Бочварски.

Општина Штип и градоначалникот Бочварски се во постојан контакт со многу општествено одговорни компании кои често излегуваат во пресет на Општината и на граѓаните и придонесуваат за разубавување и урбанизирање на нашиот град.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му