Отстранети 25 кубни метри отпад од Старата скопска чаршија

Од:

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатите неколку дена извршија расчистување на приближно 25 кубни метри отпад одложен во објектот Капан Ан, лоциран во Старата скопска чаршија.

„Вработените во ЈП Комунална хигиена-Скопје излегоа на терен по дојава на граѓани коишто се пожалија дека огромно количество отпад го попречува движењето на минувачите во Капан ан и нормалното функцонирање на околните угостителски и продажни објекти. Отпадот составен претежно од облека бил собран во рамките на хуманитарна акција за помош на настраданите при земјотресот во Турција, но за жал по завршувањето на акцијата останал одложен во објектот со денови. Во текот на вчерашниот ден отпадот беше во целост отстранет и транспортиран од страна на екипите на Претпријатието“, изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

Би можело да ве интересира

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Сабахудин Рустеми поднесе оставка од функцијата директор на „Комунална хигиена“

Горан Наумовски

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски