ФОТО: Отстранети знамињата од влезот на Струга

Од:

Знамињата кои вчера беа поставени на влезот од Струга, денеска попладне се отстранети. Според извори на А1он, градските власти во Струга дале наредба да бидат отстранети само овие знамиња.

Останатите македонски знамиња, што во изминатите два дена беа поставени во делови од Струга, од страна на невладината организација „Каприкорн“ се уште стојат закачени на делови од градот.

IMG_20131010_132901

Директорот на Јавното претпријатие Комунално од Струга, Гарип Каба, одговори дека единствена надлежност за поставување на знамиња во Струга имаат само тие.

„Привaтни иницијативи за поставување на знамиња на здруженија, друштва или поединци, законски не се прописни и затоа ние преземаме активности да се отстранат тие нерегуларности. Општинските инспектори, во текот на вчерашниот ден излегоа на терен, на лице место видоа дека се вршат такви активности и затоа во тој момент тие поединци престанаа со поставувањето.

IMG_20131010_132438

– Потоа јавното претпријатие продолижи со тоа што со Закон е утврдено“, изјави Гарип Каба.

IMG_20131010_132006

IMG_20131010_132310

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ