Отстранета бистата на Гоце Делчев во струшко Подгорци

Од:

Засега непознати сторители ја отстраниле бистата на македонскиот револуционер Гоце Делчев во струшкото село Подгорци, која долги години без какви и да било проблеми се наоѓаше над училиштето во селото, каде се одржува и манифестацијата Гоцеви денови.

Останати се само мермерните плочи каде се испишани дел од мислите на Гоце Делчев.

Според кажувањата на мештаните на селото кои не сакаа јавно да зборуваат, биле забележани неколку деца кои насилно ја тргнале бистата на Гоце Делчев и потоа избегале од лице место, а самата биста останала да лежи на земја.

Бистата на Гоце Делчев во моментот e во холот на училиштето кое се наоѓа во непосредна близина. Жителите на Подгорци со кои разговаравме се сомневаат дека бистата е отстранета намерно после случувањата со албанските паралелки во училиштето во селото.

Бронзената биста на Гоце Делчев на тоа место стои со години, и никој досега не ја чепнал. Тешка е повеќе од 100 килограми. Инаку

Подгорци е населено место во кое живеат околу .3000 жители, Mакедонци христијани и торбеши, односно Mакедонци со муслиманска вероисповест и мал број Aлбанци.

До сега во селото немало никакви проблеми од меѓуетнички карактер напротив важи за едно од ретките населените места во струшкиот ртегион каде соживотот е на највисоко можно ниво.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење