Отстранет одронот на патот Дебар – Струга

Од:

Одронот на патниот правец Дебар – Струга, кај браната Глобочица денеска е целосно расчистен во 13:45 часот.

„Македонија пат“ информира дека по клисурите и усеците можна е зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија -Удово и Катланово – Велес.

Дежурните екипи на „Македонија пат“ се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци. Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно во зимски услови, по местимично влажни коловози.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата