Отсек за превенција од СВР Куманово со кампања „Безбедно на мотор“

Од:

Во рамки на проектот „Безбедно на мотор“, што го спроведува отсекот за превенција од СВР Куманово, викендов започна кампања за безбедно учество во сообраќајот на мотоциклистите, информираа денеска од СВР Куманово. Целта на кампањата е да се подигне свеста кај сите учесници во сообраќајот, почитување на правилата и прописите. Активноста, се реализира во соработка со мото клубот „Мечки“ и Црвениот Крст Куманово и со поддршка на општината.

– Викендов беше организирано дефиле со возење низ улиците на градот, со учество на околу 60 мотоциклисти од мото клубот и граѓани, по што на градскиот плоштад пред околу 200 присутни, ученици, родители, граѓани случајни минувачи се одржа презенатција за важноста на заштитната опрема, безбедно возење и законски одредби за управување со мопед, соопштија од отсекот за превенција од СВР Куманово.

Членовите на општинската организација на Црвениот крст симулираа показна вежба за санирање повреди здобиени од сообраќајна несреќа и покажаа како се санираат повредите.

Отсек за превенција, соопштија од полицијата и во иднина ќе спроведе едукативни предавања-презентации во училиштата во рамки на проектот „Безбедно на мотор“, а ќе се организираат и превентивни акциски контроли за укажување и сообраќајни поуки за возачи на мопеди.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он