Отпад, кучиња, непријатна миризба, кал, вака изгледа некогашниот рај за скопјани езеро Треска

Од:

Кал, непријатна миризба, загадена вода, домашни животни на испаша, расфрлен отпад, глутница кучиња, вака изгледа денес некогашното познато езеро Треска, кое беше рај и место за рекреација за скопјани, особено во летните месеци. Малите базени се оштетени, кабините за преслекување и туш кабините искршени или расклопени, а голем број приколки изедени од забот на времето. Доколку сакате да се освежите, некогашните ресторани се затворени, и работи само едно кафуле, во кое можете да добиете само кафе, но не и вода или сок.

Со години властите се договараа, а езерото и околината пропаѓаа.

Точно пред една година, Град Скопје најави соработка со општинарите од Сарај за заживување на спортско-рекреативниот центар. Од најавите, освен испразнетото езеро не се гледа ништо. Ветениот проект за ревитализација на Треска требаше да е нова шанса за комплексот изграден во 1978 година, кој своевремено функционираше и како капачки излетнички простор, но сега инфраструктурата е комплетно запуштена. Износот кој Град Скопје ќе го издвои за проектот изнесува седум милиони денари, со пресметан ДДВ. Од ова, од градскиот Буџет за 2018 година ќе се издвојат три, а во 2019 и 2020 по два милиони денари, стоеше во предложенaта одлука за ревитализација.

Езерото се протега на површина од 136.000 м2, длабоко е од 1,6 до 3 м и има капацитет од 10.000 капачи. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје. Поради загаденоста на водата во 1998 година езерото беше затворено за капење, а тоа беше и причина да се намалува посетеноста, се до денес кога на ова место и во летниот период е празно. Наместо вревата од капачите, царува тишината, а целиот простор делува морничаво.

Во 2010 година езерото е порибено со крап, амур и македонска пастрмка со цел да се овозможи и спортски риболов. Во текот на 2003 изработени се и реализирани поголем број елаборати и проекти за ревитализација на езеро Треска и со преземање на конкретни градежно-технички активности овозможено е ставање на езерото во функција, но и тоа не помогна. Неопходна е изградба на прочистителна станица со која проточната вода од реката Треска би се трансформирала од 4-та во 1-ва, евентуално 2-ра категорија, што е императив за ставање на езерото Треска во функција за капење.

По долги години минати во негрижа и неодржување на јавното добро, езерото Треска, доколку локалните власти имаат вистинска желба, наскоро би можело да добие нов лик. Градот Скопје и Општина Сарај со заеднички напор би требало да се вклучат во обновата на спортско – рекреативниот центар.

Дотогаш повозрасните скопјани носталгично се сеќаваат на жешките летни скопски денови кога со своите семејства и пријатели се разладувале на брегот на скопското езеро, чија скоро цела должина била населена со камп-приколки, па за време на летниот распуст целиот град бил преселен и уживал во убавините и забавата која ја нудело езерото Треска.

Би можело да ве интересира

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Само 30 автобуси на ЈСП возат низ Скопје

Катерина Ѓуровски