Откриени возила што вршеле превоз на патници без соодветна документација во Струмица

Од:

Вчера вечер, во периодот од 20.30 до 22.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица извршиле контрола во автобус со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица и три патнички возила со струмички регистарски ознаки.

– При контролата во автобус на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, управуван од Н.Б.(37) од с.Велуса, струмичко, било утврдено дека автобусот вршел јавен превоз на патници без соодветна документација. Исто така, биле затекнати и повеќе патници од дозволениот број на патници кои може да се превезуваат. Додека, при контрола на патничките возила на магистралниот пат Струмица – Радовиш било утврдено дека Н.В.(27) од Струмица, А.Д.(38) од село Дабиле, струмичко и И.Ц.(42) од Струмица со возилата вршат јавен превоз на патници без соодветна документација, информира МВР.

За настаните биле запознаени Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и сообраќаен инспектор од општина Струмица. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он