Приведен 27-годишен скопјанец, шверцувал 211 мигранти во камион

Од:

Синоќа во 23:40 часот во атар на село Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција – Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, во кое пронашле 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан.

Од МВР денеска информираа дека товарното возило се движело по земјен пат од село Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

– Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица, стои во соопштението од МВР.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје бил приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски