Откриени 1.204 стебла „канабис сатива“ на три локации кај тетовско Порој

Од:

Службеници од СВР-Тетово вчера открија и со соодветна судска наредба искорнаа вкупно 1.203 стебла од растението „канабис сатива“.

Најголемиот број од стеблата биле пронајдени на три различни локации, односно парцели во атарот на тетовското село Порој, поточно во месностите „Табачница“ и „Големо дрво“, а 40 стебла биле искорнати на друга локација покрај патот што ги поврзува селата Џепчиште и Требош.

Сите стебла, со различна големина од четириесет сантиметри до два и пол метри, во координација со јавен обвинител, подигнати се и донесени во СВР Тетово.

Извесна количина од нив ќе се вештачат и ќе се истражува, кој, кога и како ги засадил на тие површини, соопшти денеска МВР.

Инаку, овие активности се во рамки на континуираната акција која минатиот и овој месец интензивно ја спроведуваат полициските службеници на СВР Тетово, а во која досега вкупно беа откриени и искорнати околу 3.000 стебла „канабис сатива“, од кои близу 2.000 на Тетовското и 1.000 на поширокото гостиварско подрачје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он