Откриена нелегална обложувалница во Градец, Гостиварско

Од:

При контрола на полицијата, во центарот на гостиварското село Градец, вчера била откриена обложувалница која работола нелегално, информираат од СВР Тетово.

Портпаролот Марјан Јосифоски вели дека полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар, вчера, околу 14 часот извршиле контрола во спортска обложувалница, во која нелегално се приредувале игри на среќа и комар. Во објектот бил затекнат А.Џ. (25) како вработен.

– Во објектот без фирма, пронајдени и со потврда одземени се: девет телевизори, шест покер апарати со 13 клучеви, три компјутерски куќишта, два монитора, два читача, четири принтери, една тастаура, четири билтени, четири тикети и парични средства во вкупен износ од 81.690 денари, вели Јосифоски.

Во тек се активности за расчистување на сите поединости, по што против сопственикот на обложувалницата ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски