Откриена е тајната работилница за фалсификување лични карти

Од:

Основното Јавно обвинителство соопшти дека во координација со полицијата е откриена работилница каде се фалсификувале личните карти.

Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи во предметот за фалсификуваните лични карти, кои беа предадени од страна на новинарот на Фокус, Љубиша Арсиќ на Министерот за внатрешни работи, презеде низа мерки и активности за расветлување на настанот.

Во вршење на истражни дејствија, во тек на вчерашниот ден, успешно е спроведена акција по наредба на јавен обвинител, во која е пронајдена тајната работилница каде е вршено фалсификувањето на документите. Станува збор за обемен материјал, опрема и апаратура која се користела за изработка на фалсификуваните лични карти и други документи. Пронајдениот материјал е одземен и е предмет на натамошна анализа и истражување.

За овој настан приведени се три лица, но постојат индиции и за инволвирани други лица и за сторени други кривични дела, пишува во соопштението на Основното јавно обвинителство од каде најавуваат повеќе детали за следните денови.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Издавањето на патните исправи и личните документи е под контрола

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Горан Наумовски

Народен правобранител: Најдовме готови документи на граѓани, а МВР нема увид дека се подигнати

Горан Наумовски

Џафери за пасошите: Не верувам дека 650.000 граѓани во ист ден имаат потреба да патуваат

A1on

Од соседите, а не од Грција, ќе зависи дали ќе може да се патува со лична карта без „северна“

A1on