А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Откажан забавниот дел на Вевчанскиот карневал, симболично дефиле под маски

by А1он13/01/2024 - 12:123068
Share0

Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани, соопшти денеска градоначалникот Спасе Кочовески.

Добивај вести на вибер

-Трагедијата што се случи сношти во Вевчани, сообраќајна несреќа, погина млад член на Вевчани, жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин, изјави Кочовески.

Градоначалникот на Вевчани истакна дека претпладнево имале средба со вевчанските друштва и дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма.

– Утрово маскирано лице не забележавме, не било никогаш вака, рече Кочовески и додаде дека рестораните ќе работат без музика.

Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека не го препознава Вевачни вакво и изрази жалење и сочувство до фамилијата на младото момче.

-Јас, за жал, знам како изгледа таа болка. Цела ситуација е неизвесна. Тоа што ќе го одлучат граѓаните на Вевчани, денеска да се случува, тоа и ќе се случува. Наредната година, традицијата ќе продолжи понатаму. Се надевам вакви немили настани повеќе нема да има, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

Деветнаесетгодишно момче со иницијали М.М. синоќа загина во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 1.20 часот на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци, информираат од СВР Охрид.

Полицијата соопшти дека увид на лице место извршиле полициски екипи, како и дека и јавен обвинител излезен е на местото на настанот.

Според информациите од Вевчани, каде денеска треба да се одржи традиционалниот Вевчански карневал, станува збор за синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

krsto mukoskisoobrakajkavevcanski karneval

Би можело да ве интересира

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски08/12/2025 - 12:0408/12/2025 - 12:52

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Горан Наумовски04/12/2025 - 17:43

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Горан Наумовски03/12/2025 - 14:00

Сообраќајна несреќа на автопатот Милош Велики, загинаа дете и маж

Горан Наумовски30/11/2025 - 08:0630/11/2025 - 09:01

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Горан Наумовски21/11/2025 - 21:38

Србин е осомничен за тешката сообраќајка со смртни последици која се случи кај Валандово

Горан Наумовски21/11/2025 - 18:2921/11/2025 - 19:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен