Отежнат сообраќајот на повеќе патни правци низ Македонија

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, кај Страцин, Попова Шапка и Павлешенци. Појава на магла со видливост до 50 метри има во Крушево, информира Македонија пат.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози