Отец Пимен: Да не остане дека знаеме само да произведуваме јаболка, да почнеме да шириме и култура и да ја продаваме како атракција

Од:

На трибината „Агенда Преспа 20-24” посветена на развојот на преспанскиот регион, Владиката Пимен, како преспанец по потекло говореше за значењето на културното и духовното наследство што го има во Ресен и околината и дека и тоа е потенцијал за развој на регионот.

„Тука сум за да зборувам за развојот на преспанскиот регион и при тоа сакам да ви дадам поттик да ја направиме Преспа посетено место. Сега имаме прилика да станеме привлечна дестинација и не само како мене, што повремено се враќам во родниот крај, туку многу повеќе да допатуваат туристи, странски гости”, рече отец Пимен.

Тој истакна дека преспанскиот регион има голем потенцијал и исклучително важно е да се развива и отвара и за соседите Албанија и Грција, но и пошироко. Преспа има култура, историја и тоа треба да биде атракција, рече Пимен,

„Да не останеме дека ние знаеме само јаболка да произведуваме, туку да почнеме да шириме и култура и да ја продаваме како атракција. Да делуваме локално, а да размислуваме глобално“, ги охрабри Пимен своите сограѓани.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он