Осветување на црквата „Света Петка Преподобна“ во Кавадарци

Од:

Во Кавадарци утре ќе биде осветено новото духовно светилиште за сите православни христијани, црквата „Света Петка Преподобна“.

Според предвидената програма, со чинот на осветување на новоизградениот храм „Света Петка Преподобна“ ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, господин господин Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски господин Агатангел, Митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј и Митрополитот Брегалнички господин Иларион.

По чинот на осветување ќе следи и света Архиерејска Литургија, а по нејзиното завршување и Свечена трпеза на љубовта.

По тој повод, Македонската православна црква, Повардарска православна епархија и ктиторите „Фени Индустри“, Општина Кавадарци и други, ги покануваат сите верници утре (недела) од 8 часот да присуствуваат на светиот чин на осветување на црквата „Света Петка Преподобна“.

Инаку, изградбата на црквата „Света Петка Преподобна“ започна пред пет години, а според верниците, но и експертите ова е една од најубавите цркви во Македонија градени во византиски стил од клесан камен.

Би можело да ве интересира

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски