Осветена црквата „Покров на Пресвета Богородица“ во село Лешани

Од:

Во манастирскиот комплекс „Сите Светии“ во охридското село Лешани денеска беше осветена црквата посветена на „Покров на Пресвета Богородица“. Црквата почна да се гради во 2012 година, најголем дел со манастирски средства и со донации од верниците.

Осветувањето го извршија митрополитот на Дебарско – кичевската епархија владиката Тимотеј, заедно со свештенството и старешината на манастирот отец Вартоломеј.

– Овој храм да го прими Бог како дар од нашата љубов и вера во него, како и благодарост за сите добрини што ги излеа врз нас, по молитвите на Пресвета Богородица и Сите Светии, изјави отец Вартоломеј.

Идејата за изградба на црквата дошла по појавата на чудо во манастирскиот комплекс на денот на зачнување на света Ана – 22 декември во 2004 година, кога се појавила силна светлина, во четири снопа. На две минути пред полноќ комплексот бил осветлен како напладне, а точно на полноќ четирите пламени снопови се собрале во сред манастирски двор и исчезнале. На 12 јули следната година на влезната врата од манастирскиот комплекс се појавил неракотворниот лик од Пресвета Богородица, а под нејзиниот лик раката на Господ Исус Христос, кој ги благословува сите добронамерни верници што одат на поклонение.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство