18-годишник претепал 29-годишна девојка па се обидел да ја силува

Од:

Дваесетидеветгодишната струмичанка Ц.А. синоќа во 23 часот пријавила во полиција дека еден час претходно, додека била во село Василево и се распрашувала за нејзиниот поранешен сопруг и пришле две непознати лица кои и рекле дека го познаваат и дека знаат каде се наоѓа во моментот.

Потоа, како што информираат од МВР, сите заедно тргнале кон м.в. „Трските“ со намера да го најдат. Кога пристигнале на една од нивите едниот и ги фатил рацете и почнал да ја допира во пределот на телото. Откако жената почнала да се противи и да вика, тој со употреба на сила и ја затворил устата, по што физички ја нападнал удирајќи ја со шлаканици по лицето. Во тој момент другиот маж му рекол да ја остави и си заминал, додека насилникот продолжил на сила да се обидува да и ја соблече облеката.

Жената успеала да избега по што го пријавила случајот во полиција. Пронајдени се двете лица и идентификувани. Се работи за А.Д.(18) и 15-годишен малолетник.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски