Осумнаесет сообраќајки вчера во Скопје, „пајакот“ кренал 84 возила

Од:

Осумнаесет сообраќајни несреќи се регистрирани во изминатото деноноќие во Скопје, во кои потешко е повреден возач, а 12 лица се здобиле со полесни повреди. Во пет сообраќајки е причинета само материјална штета.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, 18 кои биле без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило и тројца возачи почетници за прекршоци по разни основи.

Затекнати се и 67 непрописно паркирани возила и шест пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“, во текот на вчерашниот ден се отстранети 84 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ООУ „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром.

Во спортски центар „Јане Сандански“ вечер во 19 часот ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу кошаркарските клубови МЗТ Аеродром и Гран Канарија, во рамки на „Евролига“. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он