По повод 18-годишнината од загинувањето на осумтемина армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен-обележјата во селата Волково и Љубанци.
Делегацијата ќе положи цвеќе и на споменикот во касарната „Илинден“ во Скопје.
На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини.
Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на Армијата од гарнизонот Скопје,