Делегацијата од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ положија цвеќе пред спомен-обележјата на загинатите бранители кај месноста Љуботенски бачила

Од:

Во спомен на загинатите бранители во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од началникот, генерал потполковник, Васко Ѓурчиновски и државниот секретар, Елизабета Чуповска Ристова, денеска положија венци со свежо цвеќе пред спомен-обележјата на загинатите бранители во село Волково, село Љубанци и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“.

Како што информираат од Министерството за одбрана, претходно, делегација од Генералштабот на Армијата положила цвеќе пред спомен-обележје на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров.

-Во чест на загинатите бранители на спомен обележјата свежо цвеќе положија и членови на нивните семејства и делегации од кабинетот на претседателката и врховен командант на Армијата, од Владата, од Општините Ѓорче Петров и Бутел, граѓански здруженија и организации и претставници на политички партии, соопштуваат од министерството.

На денешен ден, пред 23 години, на патот кај месноста Љуботенски бачила животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

Дваесет и пет години од од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски бачила

Во Ѓорче Петров одбележани 24 години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

А1он

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

А1он

Левица: Пратеникот Исмаил положи цвеќе во чест на убиените бранители кај Љуботенски Бачила

Дваесет и три години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

Горан Наумовски