Осум тони отпад собрани со акцијата за чистење на урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради

Од:

Општина Кисела Вода, во рамки на есенската акција спроведе активности за целосно расчистување на сметот/отпадот во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради.

Со овие активности, во урбаните заедници 11 Октомври – бараки и згради се собираше отпадот/сметот од улиците, тротоарите, тревните површини и парковите кои се под надлежност на Општината. Покрај, ова се собираше кабаст отпад, а се кастреа и исушените гранки на дрвјата и грмушките. Во оваа акција беа собрани 8 тони отпад.

Општина Кисела Вода од почетокот на есенската акција, досега активности за чистење на сметот/отпадот спроведе во урбаните заедници Пржино и Црниче, 11 Октомври бараки и згради, во населба и село Драчево и во месната заедница Подстаница.

Активностите на локалната самоуправа за чистење на сметот/отпадот ќе продолжат да се одвиваат во четврток и петок во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов.

Општина Кисела Вода уште еднаш апелира до сите граѓани отпадоците да ги одложуваат во поставените корпи и контејнери за отпадоци, да се придржуваат до Законот за јавна чистота, се со цел за почиста и поздрава животна средина, за поубава Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он