Осум сообраќајки во Скопје, повреден пешак

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР – Скопје случени се осум сообраќајни незгоди. Во една од нив пешак се здобил со тешки телесни повреди, во три полесно се повредени три лица, а во четири е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција вчера санкционирала четворица возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 19 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, шест возачи поминале на црвено светло, како и 11 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас. Затекнати биле 47 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле вкупно 57 возила.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози