Осум сообраќајки вчера во Скопје, пајакот отстранил 62 возила

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле двајца сопатници, двајца пешаци и еден мотоциклист.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, двајца пешаци поминале на црвено светло на семафор, 22 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 20 пешаци поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, како и 22 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција отстранети се 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“ со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

Би можело да ве интересира

Сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Гостивар, има повредени, возилата се пренасочуваат

Горан Наумовски

Само мерки на претпазливост за пијаниот возач кој тешко повреди пешак во Скопје

Четворица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Струга – Дебар

Пешак загина во сообраќајка на магистралниот пат Прилеп – Битола

Поради сообраќајна незгода со жртва пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени се тројца малолетници

Горан Наумовски