Осум сообраќајки вчера во Скопје, пајакот отстранил 43 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден возач на мопед.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 32 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 17 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 43 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Круме Кепески“ кои се наоѓаат на територијата на општина Кисела Вода.

Со почеток во 15 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“ во рамките на Купот на Македонија ќе се одигра фудбалски натпревар помеѓу екипата на Вардар од Скопје и Шкендија од Тетово. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а од 12 часот на ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ и ул. „Аминта 3“ ќе се врши селективно пропуштање на возилата кон стадионот што значи ќе се пропуштаат возилата со посебни пропусници. Во оваа прилика сообраќајната полиција апелира сите граѓани кои имаат намера да го следат натпреварот да ги користат возилата од јавен превоз, а доколку дојдат со сопствени возила истите да ги паркираат на паркингот на ул. „Лазар Личеноски“ под тврдината Кале и на паркинг-просторите во централното градско подрачје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево