Пет полесно повредени во четири од вкупно осум сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во четири била причинета материјална штета.
„Пајакот“ отстранил 93 неправилно паркирани возила.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет лица биле исклучени од сообраќај поради управување на возило под дејство на алкохол и 24 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.
Санкционирани биле и четири пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати биле 76 непрописно паркирани возила, информира МВР.