Осум повредени во 11 сообраќајки вчера во Скопје

Од:

На подрачјето на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои три се со последици материјална штета, осум со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобило осум лица.

Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, соопшти самостојниот инспектор во СВР – Скопје Драган Вељаноски, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци. Санкционирани се дваесет возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, а четворица возачи се исклучени од сообраќај затоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол.  Тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот, 6 возачи за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Пет  пешаци поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 79 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе одржиме едукативни работилници со учениците од второ одделение во О.У Ацо Шопов општина Бутел.

Денеска со почеток во 10:00 часот поранешните вработени на Охис, ќе одржат мирен протест на бул Илинден пред зградата на владата на Република Македонија.

Денеска со почеток во 17:45 мин во спортскиот центар Јане Сандански во рамките на Сеха лигата ќе се одигра маѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Веспрем од Унгарија.

Со цел непречено и безбедно одвивање на овие манифестации, од наша страна ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава