Осум повредени во 11 сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Од:

Осум лица се полесно повредени во пет од вкупно 11 сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 26 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 10 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 15 возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 62 возила.

Денеска со почеток во 17:45 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Металург и Загреб, Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози