Осум новозаразени со Ковид-19 во Дебар

Од:

По вчерашните пет, денеска во Дебар потврдени се осум новозаразени со Ковид-19, со што вкупниот број се доближува до двесте заразени.

-Како што и предупредивме, бројот на заразени со опасниот вирус ќе се зголемува, што е последица на непочитувањето на мерките и протоколите. Упатуваме силен апел до граѓаните и до деловните субјекти строго да ги почитуваат препораките, зашто само така ќе можеме да се справиме со невидливиот непријател, порачуваат од општинскиот Оперативен штаб.

Од таму го повторуваат фактот дека и натаму е голем бројот на граѓаните кои со симптоми на опасниот вирус се јавуваат во Општата болница во Дебар.

Инаку, со денеска потврдените осум случаи, вкупниот број се зголеми на 193. Од нив во списокот на оздравени се внесени 62, починале шест, додека останатите се активни на болеста. Поголемиот број се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови, додека десетина се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

Споредено со првата фаза од болеста, кога беа реагистррани 51 заразен, од нив двајца од селото Баланци во општина Центар Жупа, а останатите беа во градот Дебар, во втората фаза коронавирусот се прошири и во селските населби. Па така, единаесет од вкупно 142 заразени во втората фаза, се од селата Долно Косоврасти, Папрадник, Могорче, Броштица и Џепиште. Сите останати се од Дебар.

Во последното деноноќие нема издадени платни налози за неносење заштита маска на подрачјето што го покрива дебарското Одделене за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во Дебар и околината

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Џепчиште: Наставник истепал ученик во училиштето „Пенестија”

Горан Наумовски

Дебарчанец е уапсен под сомнение за семејно насилство

Се заканувал со пиштол кон жители на Дебар, меѓу нив и малолетници

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски