Осум милиони евра награда од ЕК за реформи во секторите транспорт и животна средина

Од:

Владата на денешната седница ја поздрави одлуката на Европската унија да и додели дополнителни финансиски средства од 8.042.982 евра за секторите транспорт и животна средина и климатски промени, како награда за добро спроведување на реформските процеси во процесот на европските интеграции.

На предлог на Секретаријатот за европски прашања Владата ја прифати Одлуката да ги задолжи сите министерства до втори ноември да ги достават пополнетите прашалници како содржина за редовниот извештај за напредокот на земјата што секоја година го изготвува Европската комисија на ЕУ.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба, е усвоен и Извештајот од пристапните разговори за членство на Македонија во НАТО, одржани на 18 и 19 октомври 2018 година, во седиштето на Алијансата во Брисел. Согласно планот за пристапување на Македонија во НАТО, следниот чекор по завршувањето на состанокот на ниво на заменици шефови на Мисии на земјите членки, во формат 29+1, треба да биде потпишувањето на протоколот за пристапување, по што ќе почне процесот на неговата ратификација од страна на членките на НАТО.

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија